Michael Gabriel Hernandez
10 Август 2022•Ажурирај: 18 Август 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Полицијата уапси 51-годишен осомничен во врска со убиствата на четворицата муслимани во американската сојузна држава Ново Мексико, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шефот на полицијата во Албакерки, Харолд Медина, го идентификуваше осомничениот како Мухамад Сјед. Тој се товари за убиство на Афтаб Хусеин и Мухамад Афзал Хусаин. Полицијата соопшти дека работи со окружниот обвинител за убиството на Наем Хусаин и Мухамад Захер Ахмади.
„Сјед е со потекло од Авганистан и дојде во САД во последните неколку години“, велат властите. Полицијата соопшти дека осомничениот бил претходно уапсен во Албакери за прекршоци, вклучително и семејно насилство.
Authorities were preparing to execute a search warrant at Syed's residence Monday when he got into his car and began to drive away with police in chase. Local and state police stopped the car in nearby Santa Rosa, New Mexico as a SWAT team executed the warrant on the suspect's home.
Властите се подготвуваа да влезат за претрес на домот на Сјед во понеделникот кога тој избега со автомобилот, а полицијата тргна во потера. Локалната и државната полиција го сопреа во Санта Роса, Ново Мексико, додека специјалните полициски сили (СВАТ) постапуваа по налогот за претрес.
Неколку парчиња огнено оружје беа пронајдени во домот, а заменик-командантот на полицијата, Кајл Харцок, рече дека полицијата смета дека најмалку едно од оружјето во неговата куќа и едно во автомобилот се совпаѓаат со двете оружја од местата на злосторството. Во тек се дополнителни тестирања.
Наем Хусеин (25) беше пронајден мртов од полицијата во петокот по пукање. Тој беше третиот муслиман убиен во Албакерки во рок од две недели и четврти од ноември.
Неколку часа пред смртта, Хусеин, кој штотуку станал американски државјанин, присуствуваше на погребот на две од останатите жртви во пукањето.
Окружниот обвинител Раул Торес рече дека апсењето „е навистина само почетокот на патешествието кон обезбедување правда“.
„Правдата нема да биде спроведена додека не се обезбеди успешен судски процес и додека одговорниот не биде прогласен за виновен“, рече тој. „Мојата посветеност кон вас е да работам во име на вашето семејство и на сите други жртви на ова злосторство за да може да обезбедиме правда.“
„Канцеларијата на окружниот обвинител ќе соработува со полицискиот оддел во Албакерки за да поднесе обвиненија за убиството пред државниот суд и да работи со федералните истражители за можноста за поднесување и спроведување федерални обвиненија во исто време доколку постои соодветен федерален статут“, додаде Торес.