Mücahit Oktay
12 Октомври 2020•Ажурирај: 13 Октомври 2020
ЊУЈОРК
Ураганот Делта, кој остави без електрична енергија стотици илјади домови и работни организации во околината на американската држава Луизијана, овојпат им се заканува на Јужна и Северна Каролина, известува Агенција Анадолија (АА).
Се намали влијанието на ураганот Делта, кој вчера во американската сојузна држава Луизијана остави без електрична енергија околу 500.000 домови и работни организации, но сега започна да им се заканува на жителите во југоисточните држави во земјата.
Интернет-страницата „Poweroutage.us“, која ги следи прекините на струјата во земјата, објави дека за повторно вклучување на електричната енергија во сојузните држави Луизијана, Тексас и Мисисипи, каде што беснее ураганот, ќе биде потребна најмалку една недела.
Националната метеоролошка служба објави дека ураганот Делта денес продолжил да напредува кон североисточните делови на Луизијана со брзина од 30-48 километри на час.
Центарот за метеорологија соопшти дека се очекува во државите Џорџија, Вирџинија и Каролина, кои ќе западнат под влијание на ураганот, да паднат врнежи што ќе надминат 15 сантиметри, предупредувајќи го населението дека би можело да се соочи со ненадејни ризици од поплави.
Ураганот Делта, кој во петокот првично го погоди подрачјето Јукатан во Мексико, а потоа продолжи кон јужниот брег на Луизијана, е 5-ти ураган што оваа година стигна до брегот на САД.