Diyar Güldoğan
04 Март 2025•Ажурирај: 05 Март 2025
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп ја стави на чекање воената помош за Украина по неговата жестока дискусија во Овалната соба со украинскиот претседател Владимир Зеленски, јавува Анадолу.
„Претседателот беше јасен дека е фокусиран на мирот. Потребно е и нашите партнери да бидат посветени на таа цел. Ја паузираме и ја разгледуваме нашата помош за да се осигуриме дека таа придонесува за решение“, изјави претставник на Белата куќа, цитиран во медиумите.
Трамп и Зеленски има жестока размена на зборови во Овалната соба во петокот, во која Трамп и потпретседателот Џеј-Ди Венс постојано го прекоруваа Зеленски, тврдејќи дека тој е неблагодарен за годините на американска воена и економска помош за неговата земја зафатена од војна.
Зеленски ја напушти Белата куќа по расправијата, а планираната церемонија на потпишување на договорот за клучните минерални ресурси и прес-конференцијата беа откажани.
Но Трамп вчера рече дека не верува оти договорот за минерали со Украина за заеднички развој на природните ресурси на земјата е „мртов“.
„Не, не мислам така“, им рече тој на новинарите, на прашањето дали договорот е „мртов“.