свет

САД, Јапонија и Јужна Кореја ја започнаа првата трилатерална воена вежба

- Началникот на Здружениот штаб на Јужна Кореја соопшти дека тридневната вежба во повеќе домени, наречена „Фридом Еџ“, започна рано денес на јужниот туристички остров Џеџу

Riyaz Khaliq Khaliq  | 27.06.2024 - Обновена : 28.06.2024
САД, Јапонија и Јужна Кореја ја започнаа првата трилатерална воена вежба

ИСТАНБУЛ (АА) - Соединетите Американски Држави (САД), Јапонија и Јужна Кореја денес ја започнаа првата трилатерална воена вежба во повеќе домени на Корејскиот Полуостров, јавува Анадолу.

Началникот на Здружениот штаб на Јужна Кореја соопшти дека тридневната вежба во повеќе домени, наречена „Фридом Еџ“, започна рано денес на јужниот туристички остров Џеџу, пренесува „Јонхап њуз“ со седиште во Сеул.

„Фридом Еџ“ ја изразува волјата на Република Кореја, САД и Јапонија да промовираат трилатерална интероперабилност и да ги заштитат мирот и стабилноста на Индо-Пацификот, вклучително и Корејскиот Полуостров“, се вели во извештајот.

Учесниците „ќе се фокусираат на балистичка ракетна одбрана, противвоздушна одбрана, противподморничка војна, пребарување и спасување, поморско спречување и одбранбена киберобука“.

Вежбата доаѓа во време на зголемена ривалска воена акција на Корејскиот Полуостров, каде што поделените Сеул и Пјонгјанг создаваат сојузи со западните сили, како и со Русија.

Воведната трилатерална вежба беше договорена минатиот август за време на Самитот во Кемп Дејвид помеѓу американскиот претседател Џо Бајден, неговиот јужнокорејски колега Јун Сук-Јол и јапонскиот премиер Фуми Кишида.

Тие се договорија редовно да одржуваат годишни трилатерални вежби во повеќе домени.

Во воената вежба учествуваат американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“ на нуклеарен погон, јужниот разурнувач „РОКС Сеоае Рју Сеонг-руонг“ и јапонскиот хеликоптерски разурнувач „ЈС Ајс“.

Американскиот воен брод пристигна во Јужна Кореја на 22 јуни, што беше прво пристигнување на американски носач на авиони во Јужна Кореја во последните седум месеци, по ноемвриската посета на „УСС Карл Винсон“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın