Gorana Jakovljevic
30 Јануари 2022•Ажурирај: 31 Јануари 2022
ЊУЈОРК
Силна снежна бура го зафати источниот брег на САД во саботата, а Њујорк и Њу Џерси прогласија вонредна состојба, известува Агенција Анадолија (АА).
Снегот почна да паѓа во 3 часот наутро по локално време во Њујорк, Њу Џерси и делови на Јужна Нова Англија, прекривајќи го и култниот Бруклински мост во Њујорк, еден од најстарите висечки мостови.
Поради снежната бура откажани се повеќе од 5.000 летови, а дојде и до проблеми во копнениот сообраќај.
Предупредување за снежната бура е издадено во 10 американски држави, вклучувајќи ги Мејн, Њу Хемпшир, Масачусетс, Род Ајленд, Конектикат, Њујорк, Њу Џерси, Делавер, Мериленд и Вирџинија.