Ekip
30 Јануари 2022•Ажурирај: 31 Јануари 2022
РИМ
Италијанскиот Парламент вчера го изгласа вториот мандат на претседателот Серџо Матарела, со што е завршен шестдневниот застој што го загрозуваше опстанокот на Владата на Италија, известува Агенција Анадолија (АА).
Матарела го освои мнозинството од 505 гласови, а застапниците во Долниот дом на Парламентот аплаудираа по овој настан.
Матарела (80), чиј мандат требаше да истече на 3 февруари, повеќепати изјави дека не сака втор мандат, но се сложи на тоа откако го замолија коалициските партии на премиерот Марио Драги.
Поранешниот демохристијански министер и судија на Уставниот суд влезе во политиката откако сицилијанската мафија му го уби братот во 1980 година.
Во Италија претседателите се камен-темелник на политичкиот систем, а имаат седумгодишен мандат. Претседателот го именува премиерот, ги распишува изборите, влијае на владината политика и може да стави вето на закони или министерски именувања.