Nour Gelle Gedi,Ömer Erdem
14 Мај 2019•Ажурирај: 15 Мај 2019
МОГАДИШУ
Во Могадишу, главниот град на Сомалија, изведен е самоубиствен напад со возило полно со експлозив. Во нападот животот го загубија 3 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставник на полицијата во изјава за АА информираше дека со возило полно со експлозив, извршен е самоубиствен напад пред една зграда во местото Вардхигли, во подрачјето на Могадишу. Според првичните информации, во нападот животот го загубиле 3 лица, а има и ранети.
Според изјавите на очевидците, во нападот загинале 4 лица. Очевидците додаваат дека во овој немил настан се повредени најмалку 10 лица, меѓу кои има и државни службеници.
Одговорноста за нападот ја презеде терористичката група Еш-Шебаб.