Hajer M'tırı
05 Септември 2016•Ажурирај: 06 Септември 2016
ПАРИЗ (АА) - Поранешниот француски претседател Никола Саркози (61), кој повторно се стреми кон позицијата шеф на државата, може да се соочи со судење поради финансиска измама, јавува Anadolu Agency (AA).
Радио Европа 1 денес објави дека Канцеларијата на јавниот обвинител на Париз наложил да се покрене судска постапка против Саркози и против 13 други луѓе кои се вклучени во аферата "Бигмалион" во врска со нелегално финансирање на претседателската кампања во 2012 година.
Саркози е под формална истрага од февруари оваа година, од кога се товари за незаконско финансирање на неговата кампања.
Францускиот Уставен совет во 2013 година пресуди дека Саркози ги надминал границите на својата потрошувачка за изборната кампања во 2012 година.
Полицијата откри лажни фактури во износ од 18 милиони долари издадени од страна на компанијата за организирање на настанот "Бигмалион".
"Бигмалион" ги организираше некои од јавните настапи на Саркози и очигледно ги наплаќал преку странка, а не преку претседателската кампања за неговиот реизбор.
Саркози призна дека ја надминал потрошувачката од 25,6 милиони долари за, како што рече, "само" 2,1 отсто повеќе отколку што е дозволено од страна на францускиот закон.
Ако биде осуден, тој ќе се соочи со максимална казна затвор од една година и 3.750 евра парична казна.
Ако добие втор мандат како француски претседател на изборите во мај следната година, нема да може да му се суди сè до крајот на мандатот, односно 2022 година.