Hamdi Yıldız
15 Декември 2021•Ажурирај: 15 Декември 2021
РИЈАД (АА) - Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Фајсал бин Ферхан, истакна дека ставот на Иран во тековните преговори за Договорот за нуклеарната програма во Виена не е оптимистички, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Државната телевизија на Саудиска Арабија ја емитуваше прес-конференцијата на Ферхан одржана на крајот од 42. Самит на Советот за заливската соработка (GCC) што се одржа во Ријад.
Говорејќи на прес-конференцијата, Ферхан рече: „Земјите од Советот за заливска соработка (GCC) ги следат преговорите во Виена [за иранската нуклеарна програма]. Бидејќи ние сме земји кои се најзагрозени од нуклеарната програма, нагласивме дека е подобро и ние да учествуваме во преговорите.“
Истакнувајќи дека според вестите што стигаат до нив, јасно е дека Иран зазел цврст став во преговорите, Ферхан рече дека Техеран се враќа чекор наназад во однос на многу прашања кои се договорени и дека тоа несомнено е загрижувачко.
Ферхан, изразувајќи надеж дека преговорите во Виена ќе бидат успешни, дека ќе се постигне договор и ќе започне процес на градење вистински партнерства, рече дека не можат да забележат промена на ставот на Иран кон земјите од Заливот.