Sofya Hocabaşi,Said İbicioğlu
17 Април 2020•Ажурирај: 19 Април 2020
ИСТАНБУЛ
Главниот муфтија на Саудиска Арабија, Абдулазиз Ал еш Шејх истакна дека поради пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), терави намазот во текот на месецот на постот рамазан, како и бајрам намаз ќе се клањаат дома, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на саудиската официјална новинска агенција СПА, главниот муфтија на Саудиска Арабија даде изјава во врска со правилата кои треба да се почитуваат во текот на месецот рамазан во рамки на мерките преземени против Ковид-19.
Тој истакна дека терави намазот во рамазан ќе се клања дома, и дека во случај на продолжување на мерките преземени против оваа пандемија до крајот на месецот рамазан, исто и бајрам намаз ќе се клања дома.
Во Саудиска Арабија не се одржуваат колективни молитви во џамиите поради Ковид-19, вклучувајќи го џума намазот (петочна молитва).
Во оваа земја како последица на Ковид-19 починаа 87 лица, додека бројот на откриени случаи изнесува 7.142.