Zehra Ulucak
03 Јули 2019•Ажурирај: 06 Јули 2019
АНКАРА
Шест лица загинаа, а 18 се исчезнати како резултат на прелевањето на брана предизвикано од обилните дождови во сојузната индиска држава Махараштра, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според каналот „NDTV“, официјалните претставници соопштиле дека 6 лица ги загубиле своите животи, а 18 се исчезнати како резултат на прелевање на браната „Тиваре“ во областа Ратнагири, предизвикано поради обилните дождови.
Како резултат на прелевањето на браната, поплавени се 7 села во околината, уништени се најмалку 12 куќи и 20 возила.
Соопштено е дека Националните сили за одговор при катастрофи на Индија (NDRF) започнале со спасувачките операции во областа.
Исто така, соопштено е дека на терен како дополнителни спасувачки екипи работат владини претставници, безбедносни сили и доброволци.
Во веста на Новинската агенција „IANS“ се истакнува дека 19-годишната брана имала знаци на протекување, локалните власти биле информирани, но не биле преземени никакви мерки за санирање на проблемот.