Sinan Doğan
02 Декември 2021•Ажурирај: 03 Декември 2021
БОГОТА
При судир на две бротчиња полни со имигранти на пат кон островите Туркс и Кајкос во Карипското Море, животот го загубија 7 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во регионалните медиуми, од силниот удар се превртеле и двата брода на отворено море наспроти брегот на островот Провиденсијалес, северозападно од Туркс и Кајкос.
Претставници на властите соопштија дека повеќето од 64-те мигранти кои паднале во морето се спасени, но 7 лица загинале од давење.
Во соопштението е наведено дека во тек се операции за пребарување и спасување и дека мигрантите се од Хаити.
Полицијата привела 16 мигранти кои се обиделе да избегаат.
Хаиќаните подолго време се обидуваат да стигнат до богатите острови во регионот поради економската немоќ и безбедносната криза во сопствената земја.