свет

СЗО: Половина од нападите врз здравството во Либан се фатални, повеќе отколку во кој било активен конфликт

„Ова е поголем процент отколку во кој било конфликт денес низ светот. За споредба, глобалниот просек изнесува само 13,3 отсто врз основа на податоците од 13 земји или територии во истиот период.“

Beyza Binnur Dönmez  | 22.11.2024 - Обновена : 22.11.2024
СЗО: Половина од нападите врз здравството во Либан се фатални, повеќе отколку во кој било активен конфликт

ЖЕНЕВА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) денес соопшти дека речиси половина од нападите врз здравството во Либан се покажале како фатални, додавајќи дека процентот е поголем од кој било активен конфликт во светот денес, јавува Анадолу.

Претставникот на СЗО во Либан, Абдинасир Абубакар, на брифингот на Обединетите нации во Женева изјави дека во период меѓу 7 октомври 2023 година и 21 ноември 2024 година, 47 отсто од нападите врз здравствената заштита, односно 65 од 137, биле фатални за најмалку еден здравствен работник или пациент.

„Ова е поголем процент отколку во кој било конфликт денес низ светот. За споредба, глобалниот просек изнесува само 13,3 отсто врз основа на податоците од 13 земји или територии во истиот период. Тука спаѓаат Украина, Судан и окупираната палестинска територија“, изјави Абубакар.

На окупираната палестинска територија, 9,6 отсто од нападите резултирале со смрт на најмалку еден медицински работник или пациент.

Во период меѓу 7 октомври 2023 година и 18 ноември 2024 година, во Либан се убиени 226 здравствени работници, а 199 беа повредени.​​​​​​​

„Овие бројки уште еднаш откриваат исклучително загрижувачка шема. Јасно е дека негирањето на пристапот на цивилите до здравствената заштита и нишанењето на давателите на здравствени услуги е кршење на меѓународното хуманитарно право“, рече Абубакар.

Израел се вклучи во прекугранична војна со Либан, започнувајќи воздушна кампања кон крајот на септември против, како што тврди, локации на Хезболах.

Речиси 3.600 луѓе се убиени во израелските напади во Либан, со повеќе од 5.000 повредени и над 1 милион раселени од октомври минатата година, според либанските здравствени власти.

Тел Авив на 1 октомври го прошири конфликтот со започнување копнен упад во јужен Либан.​​​​​​​

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.