Sibel Uğurlu
17 Март 2018•Ажурирај: 18 Март 2018
ПЕКИНГ (АА) - Кинескиот парламент денес едногласно повторно за претседател на државата го избра Си Ѓипинг, на кого ова ќе му биде втор мандат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ѓипинг доби 2.970 гласови и истовремено стана претседател на Централната воена комисија.
Ванг Чјишан, поранешниот претседател на Комисијата за борба против корупција е избран за потретседател. Чјишан ја извршува и функцијата секретар на Централната комисија за дисциплинска инспекција на Комунистичката партија на Кина (CPC).
Минатата недела, Кина ги усвои законските измени со кои се укинуваат лимитите за извршување на функцијата на претседателот и потпретседателот. Промената на Уставот на земјата им овозможува на двајцата лидери да бидат на своите позиции на неодреден рок.
Тој потег го отвори патот на сегашниот кинески претседател Ѓипинг да остане на функцијата и по 2023 година, кога според стариот закон, неговиот мандат треба да заврши.