Ekip
17 Март 2018•Ажурирај: 18 Март 2018
МОСКВА (АА) - Владата на Русија ќе протера 23 британски дипломати, а се закани и со понатамошни мерки како одговор во се посериозниот спор со Велика Британија околу труењето на поранешниот шпион, јавува Anadolu Agency (AA).
Руското Министерство за надворешни работи во соопштение наведува дека е наложено затворање на Британскиот совет во Русија и завршување на договорот за повторно отворање на конзулатот на Велика Британија во Санкт Петербург.
На британските дипломати им е нареднено дека мора да ја напуштат Русија во рок од седум дена.
Во соопштението се нагласува дека Владата би можела да преземе додатни мерки доколку Велика Британија повлече било какви непријателски потези кон Русија.
Британската премиерка Тереза Меј оваа недела протера 23 руски дипломати и ги прекина билатералните односи со Русија поради труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Двајцата се наоѓаат сеуште во болница и се во критична состојба.