Ekipa
11 Август 2017•Ажурирај: 11 Август 2017
МАНИЛА (АА) - Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денес го потресе островот Лузон во северниот дел на Филипините, а беше почувствуван и во главниот град Манила, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцелариските работници во Манила ги напуштија своите згради, но засега не се забележани поголеми материјални штети.
Филипинскиот Институтот за вулканологија и сеизмологија соопшти дека епицентарот бил на оддалеченот од пет километри југозападно од градот Лиан, на длабочина до 173 километри.
Геолошкиот завод на САД забележа земјотрес со јачина од 6.2 степени.
Од Институтот на Филипините истакнуваат дека нема голема штета, бидејќи земјотресите со длабок хипоцентар обично не предизвикуваат голема штета на површината на Земјата, иако може да се почувствуваат далеку од епицентарот.