Emel Öz Gözellik
18 Април 2019•Ажурирај: 18 Април 2019
ТАЈПЕЈ (АА) - Земјотрес со интензитет од 6 степени според Рихтер денеска го потресе Тајван, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот геолошки завод (USGS) соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистриран 13 километри североисточно од градот Хуалиен. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Од Тајван информираат дека станува збор за земјотрес со интензитет од 6,1 степен. Засега нема информации дали има човечки жртви или повредени.