Mahmut Atanur
18 Август 2020•Ажурирај: 22 Август 2020
ЏАКАРТА - Подрачјето Бикол на Филипини го потресе силен земјотрес со иинтензитет од 6,7 степени, известува Агенција Анадолија (АА).
Американскиот геолошки завод (УСГС) информираше дека епицентарот на земјотесот што ги потресе Филипини се наоѓа на отворено море, 60 километри југоисточно од градот Масбате, на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за евентуални човечки жртви или материјална штета предизвикана од земјотресот. По земјотресот не е дадено предупредување од можно цунами.
Институтот за вулканска наука и сеизмологија на Филипини информираше дека земјотресот што ја потресе земјата бил со интензитет од 6,5 степени.