Burcu Arik
04 Декември 2017•Ажурирај: 04 Декември 2017
ДАМАСК (АА) - Во нападите кои ги изведоа припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад врз населби во Источна Гута, недалеку од Дамаск, загинаа најмалку 20 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Десетици цивили се ранети во нападите што денес се изведуваат на Арбин, Бејт Сава, Мидраба и Хамуриј, кои се под контрола на опозицијата, соопшти сириската Цивилна одбрана (Бели шлемови).
Во нападите изведени од 14 ноември врз Источна Гута и подрачјата кои ѝ припаѓаат загинаа над 160 цивили.
Источна Гута во согласност со договорот меѓу Турција, Руси и Иран постигнат во Астана, во еден дел е прогласена е за зона без судири. Иако примирјето беше прогласено на 22 јули, припадниците на Асадовиот режим често го кршат.
Во нападите извршени од страна на припадниците на режимот во последните неколку недели, многу објекти во руралните средини и околината на Источна Гута се срамнети со земјата.