Ömer Koparan,Mehmet Burak Karacaoğlu,Ethem Emre Özcan
10 Јуни 2022•Ажурирај: 12 Јуни 2022
АЈН АЛ АРАБ/АЗАЗ (АА) - ОМЕР КОПАРАН -
Надгробните плочи во областа Ајн ал Араб (Кобани), Сирија, која е окупирана од терористичката организација ЈПГ/ПКК, откриваат дека терористичката организација ги тера своите млади членови да прават насилства.
Агенција Анадолија (АА) дојде до фотографии од гробиштата каде што се закопани членовите на терористичката организација во Ајн ал Араб, на граничната линија меѓу Сирија и Туркије.
На гробиштата на организацијата, на надгробните споменици на арапски и курдски има информации од кои може да се види дека се работи за деца.
На гробиштата, каде што се закачени таканаречените знамиња на ЈПГ/ПКК, има лица кои се загинати на возраст од 14 до 17 години.

Некои од нив се:
- М. М. (Роден: 1999 - Починал: 11.11.2013)
- Н. Х. ( Роден: 1999 - Починал: 03.09.2014)
- С. Х. Б. (Роден: 1998 - Починал: 22.03.2014)
- О. Ш. M. (Роден: 1997 - Починал: 08.07.2014)
- E. E. (Роден: 1997 - Починал: 08.07.2014)
- E. Џ. (Роден: 1998 - Починал: 02.01.2015)
Во Извештајот за шверц на луѓе за 2020 година, објавен од Стејт департментот на САД на 26 јуни 2020 година, стоеше дека терористичката организација ЈПГ/ПКК ги тера децата да се борат.

„ЈПГ продолжи насилно да регрутира и користи дури 12-годишни момчиња и девојчиња од бегалските кампови во северозападна Сирија“, се нагласува во извештајот.
Исто така, и Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН), во својот извештај објавен на 16 јануари 2020 година, сподели нови наоди дека терористите на ЈПГ/ПКК користат деца како борци во Сирија.
Вирџинија Гамба, специјален претставник на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за „деца во вооружени конфликти“, се сретна со Ферхат Абди Шахин, со кодно име „Мазлум Абди“, еден од водачите на ЈПГ/ПКК, во Канцеларијата на ОН во Женева на 29 јуни 2019 година и со официјална церемонија го потпиша акциониот план за „организацијата да ги ослободи децата борци кои се наоѓаат во нивните структури“.
Туркије им даде протестна нота на ОН за ова прашање.
Сепак, и по овој датум, на снимките и фотографиите од организацијата беа забележани деца.