Ahmet Karaahmet, Mehmet Burak Karacaoğlu
19 Август 2021•Ажурирај: 20 Август 2021
ИДЛИБ (АА) - Според првичните извештаи, во напад на режимот на Башар ал Асад и неговите поддржувачи врз деескалациската зона во Идлиб, животот го загубија 5 цивили, а 4 се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Режимските сили, составени од Армијата на режимот и странски терористички групи поддржани од Иран, стационирани во областа Маартунуман, на југоисток од Идлиб, го нападнаа селото Мешсун, јужно од Идлиб.
Според информациите добиени од извори на Цивилната одбрана, како резултат на нападот врз селото Мешсун во регионот Џебел Завије, животот го загубија 5 цивили, од кои 4 деца, а 4 цивили кои се повредени се пренесени во блиските болници.
- Ситуацијата во деескалациската зона во Идлиб -
Во моментов, популацијата на Идлиб со внатрешната миграција достигна 4 милиони луѓе. Од март 2015 година се наоѓа под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое е најмногу напаѓано од страна на режимот.
На состанокот во Астана од 4-5 мај 2017 година, Турција, Русија и Иран се договорија за четири деескалациски зони во Идлиб и соседните покраини (Латакија, Хама и Алепо).
Но, режимот и странските терористички групи поддржани од Иран, со воздушна поддршка на Русија ја зазедоа контролата врз овие деескалациски зони, со исклучок на Идлиб.
Стотици илјади цивили кои избегаа од нападите, мигрираа кон местата близу границата со Турција.
Исто така, нападите продолжија извесно време и по Договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година од страна на Русија и Турција.
Бројот на мигранти што избегаа од местата на кои се спроведуваат интензивни напади кон релативно побезбедни места во близина на границата со Турција и во областите ослободени од операциите „Маслинова гранка“ и „Штитот на Еуфрат“, за една година достигна 2 милиони.