26 Октомври 2023•Ажурирај: 27 Октомври 2023
ГАЗА (АА) - Интензивното израелско бомбардирање на Појасот Газа продолжува без прекин, јавува Анадолу.
Снимките на Газа од воздух направени пред и по израелските напади го покажуваат обемот на разорувањето.
Некогашните домови на Палестинците во Појасот Газа, кој Израел го бомбардира од 7 октомври, сега се урнатини.
Израел ја бомбардира Газа по ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври и ја стави целата енклава под блокада, оставајќи ги нејзините 2,3 милиони жители со малку храна, вода, гориво и медицински материјали.
Во израелските воздушни напади врз Појасот Газа загинаа 6.546 Палестинци, од кои 2.704 деца, 1.584 жени и 364 постари лица.
Портпаролот на Министерството, Ашраф ал Кудра, пред два дена изјави дека децата, жените и постарите лица сочинуваат околу 70 отсто од жртвите.
Тој истакна дека околу 1.550 лица се затрупани под урнатините, меѓу кои 870 деца.