Selen Temizer,Muhammed Shekh Yusuf
31 Јануари 2018•Ажурирај: 31 Јануари 2018
СОЧИ (AA) - На Конгресот во рускиот град Сочи, на кој учествува сириската опозиција, донесена е одлука за формирање на Комисијата за изработка на Уставот, јавуваAnadolu Agency (AA).
Во соопштението за кое се усогласени присутните делегации изразена е желба што поскоро да завршат судирите во Сирија.
Апелирано е и на меѓународната заедница да пружи поддршка со цел повторно обединување на земјата, напоменувајќи дека со таа цел е формирана и Комисијата за изработка на Уставот.
Во соопштението се наведува дека Комисијата би ја сочинувале делегации на сирискиот режим и делегацијата на пошироката опозиција, а нивна задача би била да подготви нацрт за уставните реформи во земјата.
Комисијата за изработка на Уставот би ја сочинувале и експерти, племенски лидери и представници на жените.
Одлучено е дека во рамките на преговорите во Женева, под покровителство на Обединетите нации (ОН), ќе биде донесена конечна одлука за овластувањата, процедуралните правила и други прашања.
Во соопштението е упатен апел до ОН, специјалниот претставник на ОН за Сирија да има улога на помошник задолжен за активности на Комисијата во Женева.
Од друга страна, делегацијата на сириската опозиција побара на Конгресот за национален дијалог на Сирија во Сочи да ги претставува турската делегација.
Потсетуваме, во Сочи денеска започна Конгрес на национален дијалог на Сирија кој собра околу 1.500 делегати од Сирија.