Emre Aytekin
30 Јануари 2018•Ажурирај: 31 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Мајк Помпео, изјави дека Кина претставува многу поголема опасност по западните земји во однос на Русија, кога станува збор за шпионските активности, пренесува Anadolu Agency (AA).
Помпео во интервју за BBC (Би-би-си) изјави дека во последно време се забележани сè поголем број обиди за кибершпионажа, преку кои Кина се обидува од САД да украде информации од областа на трговијата.
За обидите за шпионажа на чиja метa се наоѓаат и управите од јавниот и приватниот сектор, како и образовните и здравствени установи, Помпео изјави дека се прошириле и во Велика Британија и во другите европски земји.
„Сведоци сме на многу интензивни шпионски активности, со цел кражба на информациите од САД. Сведочиме за инфилтрирање на шпионите во американските институции, кои за потребите од Владата на Кина ќе крадат информации од САД“, порача Помпео и додаде:
„Тоа можеме да го видиме во нашите училишта, болници и медицински центри. Го гледаме и во американските институции. Тие активности се шират во Велика Британија и остатокот на Европа“.
Според зборовите на Помпео, од аспект на големината на кинеската економија, „кинескиот отпечаток на стапалата“ е повторно поголем во однос на Русија, кога станува збор за нови операции.
Помпео порача дека западните земји мора да вложат многу повеќе заеднички напори, за да се спротистават на Кина.