Faruk Zorlu
10 Февруари 2019•Ажурирај: 11 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Три лица загинаа во нестабилното подрачје на Абјеи на границата меѓу Судан и Јужен Судан, кога етиопски воен хеликоптер падна во близина на мировните сили на Обединетите нации (ОН), пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на привремените безбедносни сили на ОН во Абјеи (UNISFA) се наведува дека хеликоптерот со 23 лица на летот превезувал етиопски трупи кога се урнал. Се истакнува дека 3 од 10-те повредени лица се во критична состојба.
„Причината за несреќата сѐ уште не е позната. Етиопија има околу 4.500 луѓе на терен кои ги поддржуваат напорите на УНИСФА за обезбедување мир и безбедност во Абјеи“, додадоа од УНИСФА.
Јужен Судан се одвои од Судан по референдумот во 2011 година. Двете земји имаат несогласувања околу неколку прашања, вклучувајќи го и статусот на спорната област Абјеи, која е богата со нафта, и наводната поддршка на Јужен Судан на бунтовниците во Судан.