Yusuf Özcan
21 Април 2019•Ажурирај: 22 Април 2019
ПАРИЗ (AA) - Демонстантите на „Жолтите елеци" и покрај бројните забрани излегоа и оваа сабота на улиците низ француските градови за да дадат поддршка на повредената активистка и покажаа дека и понатаму се мобилизирани против економската политика на Владата на фрацускиот претседател Емануел Макрон, пренесува Anadolu Agency (AA).
Маскираните демонстранти и полицијата во кациги во повеќе наврати се судруваа во Париз во текот на демонстрациите. Солзавецот е употребен во попладневните часови во сабота околу Плоштадот на палатата Република во источниот дел на Париз.
Радикалните демонстранти фрлаа камења и испалуваа ракети, демолираа дуќан и запалија неколку возила. Според неофицијални информации, повредени се и најмалку два новинари.
Од полицијата во Париз е соопштено дека во овој град се приведени 227 лица, а повеќе од 20.500 се контролирани.
Протестите, освен во Париз, се одржаа и во Бордо, Монтепеље и Марсеј.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Франција, ширум земјата на улиците излегле 27.900 лица, а само во Париз 9.000.
Преземени се опсежни безбедносни мерки, а беа мобилизирани 60.000 полицајци. Запрени се и некои метро станици.
Од седиштето на полицијата во Париз соопштија дека во сабота до попладне беа приведени 126 лица и дека е извршена проверка на повеќе од 11.000 луѓе кои се обиделе да влезат во главниот град на Франција, за да присуствуваат на саботните протести.
Во текот на протестите, до сега загинаа 11, а повредени се повеќе од 2.000 лица. Приведени се повеќе од 8.400 лица а за околу 1.000 е одредена затворска казна.
Протестите на „жолтите елеци" во Париз и во другите француски градови се одржуваат 23 сабота по ред.