Emre Gürkan Abay
26 Октомври 2019•Ажурирај: 29 Октомври 2019
МОСКВА
Јуриј Витренко, извршен директор на „Нафтогас“, украинска државна компанија за природен гас, информираше дека се замрзнати акциите на компанијата „Јужен тек транспорт Б.В.“ (South Stream Transport B.V.), која е одговорна за изградбата на проектот „Турски тек“, јавува Anadolu Agency (AA).
Витренко преку социјалната мрежа Фејсбук (Facebook) објави дека регионалниот суд во Амстердам ги замрзнал акциите на компанијата „Јужен тек транспорт Б.В.“ (South Stream Transport B.V.), која е одговорна за изградбата на проектот „Турски тек“.
Витренко истакнува дека акциите на „Јужен тек транспорт Б.В.“ (South Stream Transport B.V.) се замрзнати во рамките на истрагата за компанијата „Гаспром“ и додаде: „Поради тоа што еден ден пред спроведувањето правно дејство за наплата на долг, „Гаспром“ своите акции во Холандија на измамнички начин ги префрлил на компанијата „Трансгас Краснодар ЛЛЦ“ (Transgaz Krasnodar LLC), замрзнати се 100 % од акциите на компанијата „Јужен тек транспорт Б.В.“ (South Stream Transport B.V.).“
- „Тоа нема да влијае на изградбата на Турскиот тек“
Во соопштението на компанијата „Јужен тек транспорт Б.В.“ (South Stream Transport B.V.), која е подружница на руската компанија за енергетика „Гаспром“, се вели дека нивните акции се 100 % замрзнати и се додава: „Оваа ситуација нема да влијае врз изградбата на Турскиот тек. Во моментов се подготвуваме за првата испорака на гас, која треба да се изврши кон крајот на 2019 година преку гасоводот Турски тек.“
Руската компанија за енергетика „Гаспром“ и компанијата „Нафтогас“ во 2014 година една против друга поднесоа тужби до Арбитражниот институт на Стопанската комора во Стокхолм. „Нафтогас“ во тужбата тврди дека компанијата „Гаспром“ не ги исполнила своите обврски за испорака на природен гас и од „Гаспром“ побара исплата на 17 милијарди долари.
Пред извесен период Арбитражниот институт во Стокхолм, за несогласувањата меѓу „Гаспром“ и „Нафтогас“ пресуди во корист на украинската компанија. Арбитражниот комитет досуди дека „Гаспром“ треба да му исплати на „Нафтогас“ 2,56 милијарди долари поради неисполнувањето на своите обврски кон украинската компанија.
По донесувањето на пресудата, во некои европски земји се конфискувани средствата на „Гаспром“ поради неисполнувањето на обврските.