Sayed Khodaberdi Sadat
21 Август 2019•Ажурирај: 24 Август 2019
КАБУЛ (АА) - Талибанските милитанти запалија женско средно училиште во подрачјето на Шеќердере во Кабул, главниот град на Авганистан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Насрат Рахими, соопшти дека милитантите го запалиле средното училиште „Бује Зар“ во Шеќердере.
Тој рече дека како резултат на пожарот училиштето не е во состојба за да одржува настава.
Портпаролката на Министерството за образование, Нурије Нузхет, наведе дека женската гимназија ја посетувале 700 ученици и дека наставата е прекината поради тоа што училиштето не е во состојба да одржува настава.
Нузхет истакна дека и претходно биле организирани слични напади врз женските гимназии од страна на терористичките организации.
Во изјавата дадена од Талибанците се тврди дека женската гимназија не била запалена од нивните милитанти.