Riyaz Khaliq Khaliq
11 Јануари 2022•Ажурирај: 14 Јануари 2022
ИСТАНБУЛ
Борбен авион Ф-16 на Тајванските вооружени сили исчезна од радарот во текот на денешниот рутински тренинг-лет, јавува Агенција Анадолија (АА).
Воздушните сили на тајванската Војска соопштија дека авионот исчезнал во попладневните часови во текот на летот над морето западно од Тајван.
Авионот полетал од базата „Чијаи“ на југот на Тајван и исчезнал од радарот по половина час.
Локалните медиуми јавуваат дека се започнати акции за потрага и спасување.
Во меѓувреме, тајванскиот Национален спасувачки команден центар соопшти дека домородните жители на југозападниот град Чијаи наводно виделе млазен авион што се срушил во морето во близина на мочуриштето Аогу во местото Донгши.