Aida Cako
23 Април 2025•Ажурирај: 24 Април 2025
СКОПЈЕ (АА) - Телото на папата Франциск денеска беше пренесено во базиликата „Свети Петар“, каде што ќе биде изложено за последен поздрав на верниците во текот на следните три дена, пред погребот што ќе се одржи в сабота на 26 април, јавува Анадолу.
Починатиот поглавар на Римокатоличката црква, кој почина на Велигден во понеделникот на 88-годишна возраст, ќе биде испратен со највисоки почести.
На погребната церемонија ќе присуствуваат светски лидери, меѓу кои и претседателот на САД, Доналд Трамп.
Ковчегот со телото на папата Франциск беше поставен на Олтарот на исповеданието – свето место кое се наоѓа над гробот на Свети Петар, првиот папа.
Кардиналите оддадоа почит во двојки за време на кратка молитвена церемонија, а јавноста ќе може да се збогува со папата почнувајќи од 11 часот по локално време.