Zehra Ulucak
27 Мај 2019•Ажурирај: 28 Мај 2019
РИО ДЕ ЖАНЕИРО (АА) - Во затвор со бразилската сојузна држава Амазонас се случи тепачка меѓу затворениците, во која животот го загубија најмалку 15 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полковник Маркус Винисиус Оливеира де Амеида, одговорен за државните затвори во сојузната држава Амазонас, соопшти дека во кампусот на затворот „Анисио Жобим“ во градот Манаус, во периодот за посети дошло до турканица и тепачка во која најмалку 15 лица ги загубиле животите.
Оливеира де Амеида информираше дека во затворот се испратени дополнителни безбедносни сили и дека ситуацијата е под контрола, додавајќи дека полициски хеликоптери го надлетуваат кампусот од превентивен аспект.
Тој не даде никакви информации за тоа дали за време на настанот има избегани затвореници.
Во јануари 2017 година дојде до бунт во затворот „Анисио Жобим“, во кој животот го загубија 56 осуденици, а голем број затвореници, искористувајќи ја мешаницата, избегале од затворот.