свет

Тереза ​Меј на Самитот на ЕУ ќе побара осуда за Русија

Британската премиерка Тереза ​​Меј ќе ги повика лидерите на Европската Унија да се обединат и да ја осудат Русија на Самитот во Брисел

Ekipa  | 22.03.2018 - Обновена : 22.03.2018
Тереза ​Меј на Самитот на ЕУ ќе побара осуда за Русија

London

ЛОНДОН (АА) - Британската премиерка Тереза ​​Меј ќе ги повика лидерите на Европската Унија да се обединат и да ја осудат Русија на Самитот во Брисел, пренесува Anadolu Agency (AA).

Меј бара силна изјава насочена против рускиот претседател Владимир Путин по труењето на поранешниот руски двоен шпион и неговата ќерка во Англија. Велика Британија ја обвини Москва поради напад со нервен гас.

По нападот, од Велика Британија ја нарече Русија како сè поголема закана за западната демократија.

Во понеделникот министрите за надворешни работи на земјите на Европската Унија изразија „неквалификувана солидарност“ со Велика Британија. Сепак, Меј се надева на јасна формулација која експлицитно ја осудува Русија.

Брегзит, исто така ќе биде една од темите на агендата на дводневниот Самит на ЕУ, кој денеска почнува во Брисел. Велика Британија се надева дека ЕУ следната година ќе ги потпише условите за излегување на Обединетото Кралство и ќе даде „зелено светло“ за разговори за идните односи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın