Ahmet Gürhan Kartal
24 Мај 2019•Ажурирај: 25 Мај 2019
ЛОНДОН (АА) - Британската премиерка, Тереза Меј, денес објави дека на 7 јуни ќе се повлече од премиерската позиција и ќе отстапи од позицијата претседателка на Конзервативната партија, јавува Anadolu Agency (AA).
Меј даде кратка изјава утрово по средбата со претседавачот на Комитетот 1922 на нејзината партија, Сер Греам Брејди.
По заминувањето на Дејвид Камерон во 2016 година, Тереза Меј стана претседателка на Конзервативната партија во Велика Британија и премиерка.
Таа со лидерите на ЕУ преговараше за договорот за повлекување, кој не успеа да помине во Долниот дом на Парламентот, и не успеа да ги импресионира нејзините пратеници за да го поддржат.
Меј во изминатите четири месеци беше под голем притисок за поднесување оставка, поради тоа што не успеа да собере мнозинство за поддршка на договорот за Брегзит.