Şenhan Bolelli
18 Април 2019•Ажурирај: 19 Април 2019
МАДРИД (АА) – На португалскиот остров Мадеира 28 лица го загубија животот при превртување на автобус кој излетал од пат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите во португалските медиуми базирани на локалните извори од островот Мадеира, во градот Канисо возачот ја загубил контролата врз возилото, а како резултат на тоа автобусот кој превезувал германски туристи, се превртел врз една куќа.
Градоначалникот на Санта Круз, Филипе Соуса, во изјавата за телевизијата РТП 3 соопшти дека во несреќата животот го загубиле 28 германски туристи, од кои 11 биле мажи, а 17 жени. Возачот на автобусот и туристичкиот водич биле лесно повредени.
Соопштено е дека португалскиот претседател Марсело Ребело де Соса, откако дознал за несреќата веднаш заминал на островот Мадеира.
Во сообраќајна несреќа на островот Мадеира што се случи во 2005 година загинаа петмина италијански туристи.