Dildar Baykan
22 Септември 2020•Ажурирај: 23 Септември 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, рече дека сега САД ќе беа во V светска војна доколку тој го послушал поранешниот советник за национална безбедност, Џон Болтон, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Трамп им се обрати на своите гласачи во градот Дејтон, во американската сојузна држава Охајо, кој е критичен од аспект на претседателските избори закажани за 3 ноември.
Остро критикувајќи го поранешниот советник за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, Трамп рече: „Ако го послушав будалата, сега ќе бевме во V светска војна.“
Трамп посочи дека претседателските избори на 3 ноември се важни за историјата на земјата.
Од друга страна, за демократскиот кандидат, Џо Бајден, Трамп нагласи: „Ако Бајден победи, ќе ги изгубам изборите против најлошиот кандидат во историјата.“
Продолжувајќи ја критиката кон Бајден, Трамп додаде: „Бајден е непроменлив глобалист. Знаете, глобалистите се ирелевантни. Тие ја уништија оваа земја.“
Подвлекувајќи дека за време на неговото владеење е зголемен воениот капацитет на неговата земја, Трамп рече: „Сега имаме ‘F-35‘. Вие не можете да го видите тоа. Тие се сокриени.“
Претседателот Трамп, истакнувајќи дека ја продолжуваат борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19), нагласи: „На крајот на оваа година или пак, порано ќе имаме одлична вакцина. Пандемијата ќе ја завршиме следната година.“