Hakan Çopur
01 Март 2017•Ажурирај: 02 Март 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп при своето прво обраќање во американскиот Конгрес ја најави соработката со сите сојузници во борбата против терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп притоа потсети и на преземените чекори во областа на економијата.
Освен тоа, новиот американски претседател ги повтори ветувањата за борбата против терористичката организација ДЕАШ и илегалните имигранти во земјата и истакна дека сака да постигне единство во земјата.
Тој исто така ги најави и мерките потребни за воспоставување безбедност во САД и потсети на терористичките напади во земјата и во Европа, и ја повтори решителноста во борбата против ДЕАШ.
„Ќе соработуваме со сите пријатели и сојузници, вклучувајќи ги и оние во исламскиот свет, со цел да се отстрани овој подол непријател од лицето на земја“, порача Трамп.
Тој изјави дека американското Министерство за одбрана (Пентагон) нареди да подготви план со цел ДЕАШ, кој усмртува жени, мажи и деца без оглед на верската припадност, да биде победен.
Освен тоа, додаде дека се започнати активности за сериозно зголемување на буџетот на Пентагон.
„Сакам да биде подготвено едно од најголемите зголемувања на буџетот во американската историја и да го испратам буџететот во Конгресот кој одново ќе ја изгради војската“, додаде Трамп.
Тој повтори дека на границата со Мексико ќе изгради ѕид кој би требало да допринесе за безбедноста на САД.
„Наскоро ќе започне (изградбата) и кога ќе биде готов (ѕидот) ќе биде крајно ефикасно решение против криминалот и криумчарењето на дрога“, изјави Трамп.
Смета дека досега не се преземени потребните чекори кога станува збор за заштитата на границата ниту дека моменталните закони се применети на ефикасен начин.
Порача дека неговата администрација ќе ги применува тие закони.