Adam Abu Bashal
13 Март 2018•Ажурирај: 14 Март 2018
AБУЏА (AA) - Дваесет и пет лица ги загубија животите за време на вооружените напади минатата ноќ во централниот дел на западноафирканската земја Нигерија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на локалните медиуми, 25 лица загинаа во вооружените напади во близина на селата Каура и Баса во провинцијата Плато, во Нигерија.
Портпаролот на регионалната полиција Матијас Тјопев, изјави дека тројца од починатите се деца, а три жени.
Исто така, Тјопев изјави дека е започната истрага, посочувајќи дека селаните биле нападнати од непознати лица.
Регионот понекогаш е место на насилни конфликти меѓу овчарите и земјоделците. Шеснаесет луѓе ги загубија животите во вооружениот напад што се случи во Плато, пред два дена.