Emel Öz Gözellik
06 Октомври 2017•Ажурирај: 07 Октомври 2017
МАНАГВА (АА) - Најмалку 22 лица загинаа, а 20 се водат за исченати по тропската бура што ги зафати земјите од средна Америка, јавува Anadolu Agency (AA).
Властите потврдија дека бурата ги зафатила Никарагва, Костарика, Хондурас и Ел Салвадор, при што загинале најмалку 22 лица, а 20 се водат за исчезнати.
Во овие региони е прогласена и вонредна состојба, со оглед на тоа што поради обилните врнежи, свлечиштата и поплавите, затворени се голем број патишта и срушени се станбени објекти.
Американскиот национален центар за урагани соопшти дека бурата се одвоила од брегот на Ходурас и се движи кон САД.
Од крајот на летото, три силни урагани ги погодија регионите на средна и северна Америка. Поради ураганот Ирма, во САД беше организирана најголемата евакуација на населението во историјата на оваа земја, а во Флорида беа евакуирани третина од жителите (6,5 милиони лица).