свет

Туркије работи на ослободување на својата државјанка Румејса Озтурк од американскиот притвор

- Нашата амбасада во Вашингтон, генералните конзулати обезбедуваат секаков вид конзуларни услуги и правна поддршка за Румејса Озтурк, соопштија од турското Министерство за надворешни работи.

Seda Sevencan  | 29.03.2025 - Обновена : 31.03.2025
Туркије работи на ослободување на својата државјанка Румејса Озтурк од американскиот притвор

ИСТАНБУЛ (АА) - Турските власти прават напори да ја ослободат Румејса Озтурк, турска државјанка, студентка на докторски студии, приведена во САД, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи на Туркије, Онџу Кечели, известува Анадолу.

„Продолжуваме со напорите за ослободување на нашата државјанка Румејса Озтурк, која е приведена во САД. Нашата амбасада во Вашингтон и релевантните генерални конзулати обезбедуваат секаков вид конзуларни услуги и правна поддршка“, истакна Кечели.

Турскиот генерален конзул во Хјустон вчера ја посети Озтурк во центарот за притвор во Луизијана.

„Нејзините барања се пренесени до локалните власти и нејзиниот адвокат“, рече Кечели, додавајќи дека генералниот конзул денеска повторно ќе ја посети.

Во петокот, федерален судија во Масачусетс ја блокираше нејзината депортација до понатамошна одлука, во очекување на одлуката на нејзината петиција за ‘habeas corpus’ - мерка во кривичното право која ја штити личната слобода од самоволие на извршната власт.

Озтурк е 30-годишна Турчинка, студентка на докторски студии и стипендистка на програмата Фулбрајт. Таа беше приведена од страна на американската служба за имиграција и царина (ICE) во близина на нејзиниот дом во Сомервил, Масачусетс во вторникот, додека одела на ифтар.

Нејзиниот адвокат и семејството рекоа дека таа е приведена по кампањата на Канариската мисија, про-израелска веб-страница која ги објавува имињата на пропалестинските студенти и активисти, фокусирајќи се првенствено на северноамериканските универзитети. Озтурк беше на црната листа на тој портал поради текстот што го напиша во 2024 година, во кој го критикуваше Израел.

Американскиот државен секретар Марко Рубио во четвртокот го потврди укинувањето на визата на Озтурк и го оправда нејзиното приведување.

Сепак, Рубио не обезбеди докази кои ја поврзуваат Озтурк со какво било насилство.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.