Seda Sevencan
05 Април 2022•Ажурирај: 06 Април 2022
ИСТАНБУЛ (АА) – Турската војска неутрализираше тројца терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, соопшти денес Министерството за национална одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека терористите се обиделе да се инфилтрираат во зоната Извор на мирот во северна Сирија, која е исчистена од терористички елементи по турската антитерористичка операција.
Турските сили во текот на изминатите четири години изведоа неколку успешни антитерористички операции во северна Сирија, по должината на сириско-турската граница: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.