Sena Güler
17 Ноември 2020•Ажурирај: 19 Ноември 2020
АНКАРА
Турската разузнавачка служба (МИТ) неутрализираше терорист на ПКК, кој се наоѓа во сивата категорија од листата на барани терористи на Министерството за внатрешни работи во северен Ирак, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ирфан Акџан, под кодното име Азад Хесет, бил таканаречен царински службеник на терористичката група и неговата позиција во групата била откриена од разузнавачите на теренот“, изјави безбедносен извор, под услов на анонимност.
По близок надзор, полицајците откриле дека Акџан ги координира премините на терористите и на муницијата меѓу ирачкиот град Синџар и Сирија. Тој, исто така, изнудувал пари од локалното население што се занимава со трговија на граничната линија.
Според изворот, акцијата била преземена по брзото разузнавање дека Акџан „ќе пренесе муниција и терористи од Сирија во Ирак за да се користат против нашите безбедносни сили“.
„Акџан беше неутрализиран во операција спроведена од МИТ во Синџар на границата со Сирија на 8 ноември“, додаде изворот.
Терористот се придружи на терористичката организација во 2010 година и учествуваше во ицидентите во 2015 во подрачјето Силопи на турската област Ширнак, во кои загинаа припадници на турската жандармерија, полициските сили и воениот персонал.
Во 2015 година терористите на ПКК ја продолжија својата вооружена кампања во градовите во југоисточна Турција, каде што терористите користеле ровови и барикади за да ги задржат полицијата и војниците надвор од одредени населби.
Терористот ја презел таканаречената позиција во Синџар во 2019 година и тој ги користел кодните имиња Роџер Азад, Азад Мунзур и Азад Хесет за време на неговото членување во терористичката група.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.