Mümin Altaş
12 Септември 2017•Ажурирај: 12 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Во рамките на истрагата против терористичката организација ФЕТО, во Турција е издаден налог за апсење на 45 поранешни работници на Националната разузнавачка служба (МИТ), и уште 18 лица поврзани со терористичката организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, во рамките на истрагата против терористичката организација ФЕТО е издаден налог за апсење на 45 поранешни вработени на турската Национална разузнавачка служба (МИТ), и уште 18 лица поврзани со организацијата.
Станува збор за луѓе кои се отстранети од службата по обидот за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, а кои се поврзани со терористите на ФЕТО. Во 21 турски град беа преземени акции за апсење на овие лица.
Според досегашните информации, деведесет луѓе се приведени во главниот град Анкара.
Во текот на минатата година, во рамките на истрагата против ФЕТО, од МИТ се суспендирани 87 вработени, а на 52 од нив досиејата им се проследени до обвинителството и подигната е кривична пријава.