Gözde Bayar
24 Октомври 2019•Ажурирај: 25 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили во северен Ирак неутрализираа двајца терористи на ПКК кои се наоѓале на „црвената“ листа на најбарани терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористките биле неутрализирани во координирана операција поддржана од воздух на Турските вооружени сили и Турската разузнавачка служба (МИТ) во регионот Гара, северен Ирак.
Терористките се идентификувани како Сервет Ајдин - со кодно име Ѓулчија и Сојлемез Јашар, со кодно име Текошин Батман, кои се наоѓале во црвената категорија од листата на барани терористи на Турција.
Терористките биле таканаречени високи членови на терористичката група ПКК/КЏК.
Листата на барани е поделена во пет категории - црвена за најбараните терористи, по што следуваат сината, зелената, портокаловата и сивата категорија.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, ЕУ и САД. Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.