Tanju Özkaya
24 Август 2020•Ажурирај: 26 Август 2020
АНКАРА (АА) - Во рамки на воено-финансиската соработка, 12 теренски возила се доставени до Генералштабот на Војската на Сомалија од страна на Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
„Дванаесет теренски возила обезбедени за 3. Пешадиски баталјон на Сомалија, се предадени на Генералштабот на сомалиската Војска на 22 август на пристаништето во Могадишу“, се наведува во соопштението.