Hasan Esen
19 Февруари 2016•Ажурирај: 20 Февруари 2016
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на прес-конференцијата одржана во четвртокот навечер во Брисел, изјави дека почетокот на март е во план да се организира нов самит помеѓу Европската унија (ЕУ) и Турција во врска со бегалската криза, јавува Anadolu Agency ( AA).
На прес-конференцијата одржана по првиот ден од самитот на лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ), Туск изјави дека самитот започнал во знак на солидарност со Турција, како и осуда на терористичкиот напад во Анкара, при што загинаа 28, а беа повредени 61 лице.
"За да бидеме успешени, мора да направиме се што е во наша моќ. Затоа, во почетокот на март, имаме во план да организира самит за бегалската криза меѓу лидерите на ЕУ и Турција", рече претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
Германската канцеларка Ангела Меркел, која, исто така, учествуваше на конференцијата, рече дека почетокот на март ќе се одржи вонреден самит на лидерите на ЕУ и Турција.