Vesna Besiç
19 Февруари 2016•Ажурирај: 21 Февруари 2016
ИСЛАМАБАД (АА) - Гнасни и исцрпени лица ја прикажува реалната слика на авганистанските бегалци во бегалските кампови во близина на пакистанскиот главен град Исламабад. Во овие населби се наоѓаат со години обидувајќи се да ја продолжат својата борба за опстанок, јавува Anadolu Agency (AA).
И покрај фактот дека секоја година илјадници бегалци се враќаат од Пакистан во Авганистан, сепак има некои кои ќе се одлучат да останат во Пакистан, бидејќи во нивната родна земја немаат работа или услови за живот. Валкани деца во кал што го опкружува си играат со импровизирани играчки.
Авганистан е земја која од 1979 година беше погодена од војна, тероризам и борба за власт, така што дел од жителите успеале да избегаат во соседен Пакистан.
Првиот бран на авганистански бегалци во Пакистан пристигнаа за време на 80-тите години бегајќи од репресијата на руските окупациски сили. Во Пакистан, во многу тешки услови живеат 1,4 милиони нерегистрирани бегалци од соседен Авганистан.
Фоторепортерот на АА посети еден таков камп каде што ги забележа тешките услови во кои преживуваат авганистански бегалци. Децата во кал, валкани, но со насмевки на нивните лица. Вода и кал околу секоја куќа е нивното секојдневие.