Dmitri Chirciu
13 Мај 2024•Ажурирај: 14 Мај 2024
МОСКВА (АА) - Петмина руски цивили се убиени, а 20 се повредени во нападот на украинската војска на 10-катница во градот Белгород, административен центар на Белгородската Област, кој се наоѓа на околу 40 километри од украинската граница, соопштија руските власти вчера, пренесува Анадолу.
Во нападот на украинската војска врз Белгород животот го загубија пет лица, се наведува во соопштението на Министерството за вонредни состојби на Русија, а гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, потврди дека во нападот се повредени 20 лица.
Министерството за одбрана на Русија во посебно соопштение нападот го именуваше како терористички, во кој Украина користела проектили и ракети.
Системот за противвоздушна одбрана пресретнал и уништил неколку украински проектили и топовски гранати, се наведува во соопштението.
Нападот на украинската војска предизвикал значителна штета на десеткатницата, а спасувачките тимови ги извлекле од урнатините телата на петмина загинати.
Министерот за здравство, Михаил Мурашко, изјави дека дополнителни медицински тимови се упатени на местото на настанот.