Muhammed Bilal Kenasari
24 Ноември 2016•Ажурирај: 24 Ноември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Украдени се личните податоци на 134.386 лица што во моментов и претходно работеле во поморските сили на САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение од поморските сили се вели дека се откриени тајни податоци од компјутерот на еден вработен службеник во „Хјулит Пакард“, компанија со којашто соработувала американската морнарица.
Во соопштението се истакнува дека истрагата утврдила оти податоците биле пробиени на 22 ноември. „Личните податоци, заедно со броевите од социјалното осигурување и други чувствителни информациа на 134.396 лица што во моментов работат и претходно работеле, се пренесени кај непознати луѓе“, се вели во сопштението.
Во врска со ова прашање, во сопштението се вели дека истрагата тукушто започнала и дека ќе информираат за состојбата на лицата на којшто им беа украдени личните податоци.
Исто така, во соопштението стои дека сѐ уште нема докази оти работникот на „Хјулит Пакард“ е виновен.