Davit Kachkachishvili
26 Октомври 2022•Ажурирај: 27 Октомври 2022
КИЕВ (АА) - Украинскиот претседател вчера се заблагодари на Германија за обезбедувањето системи за противвоздушна одбрана и рече дека е потребно повеќе одбранбено оружје за заштита на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи по средбата со неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер во главниот град Киев, Зеленски го изрази своето задоволство од испораката на современи системи за воздушна одбрана ИРИС-Т.
Велејќи дека системот работи многу добро во заштитата на воздушниот простор и на луѓето на земјата, Зеленски истакна дека се надева дека наскоро ќе можат да добијат повеќе.
Осврнувајќи се на другите воени потреби на Украина, тој рече дека Киев очекува помош од Германија во обезбедувањето артилериски системи, оклопни возила и друго оружје.
Зеленски додаде дека се надева оти Германија ќе помогне во реконструкцијата на регионот Чернихив.
Штајнмаер пристигна во Киев претходно вчера за првпат од почетокот на Руско-украинската војна во февруари.
По пристигнувањето, тој преку својата портпаролка пренесе пораки за солидарност и поддршка до народот на Украина.
Портпаролката на германскиот претседател, Серстин Гамелин, ја сподели двојната порака на Штајнмаер на Твитер во која се нагласува дека украинскиот народ може „да смета на Германија“ во продолжувањето на поддршката на Украина „воена, политичка, финансиска и во хуманитарна смисла“.
За време на неговата посета, Штајнмаер го посети и регионот Черниговски, каде што разговараше со локалните жители и медиумите во засолништето за бомби поради предупредувањето за воздушен напад објавено во регионот.
За време на телефонскиот разговор меѓу двајцата претседатели во четвртокот, Зеленски му се заблагодари на Штајнмаер за првиот систем за воздушна одбрана ИРИС-Т испратен во Украина.