Ahmet Gençtürk
12 Октомври 2022•Ажурирај: 13 Октомври 2022
АНКАРА (АА) – Украинските власти соопштија дека уште 14 цивили го загубиле животот во новите руски напади во различни делови на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Заменик-шефот на претседателскиот Кабинет, Кирило Тимошенко, преку социјалните мрежи соопшти дека во руските напади во текот на вчерашниот ден биле ранети и 34 цивили.
Откако Москва го обвини Киев за саботната експлозија на рускиот мост кон Крим, кој Москва незаконски го анектира во 2014 година, започна бран руски воздушни напади кон украинските градови.
Украинското Обвинителство соопшти дека најмалку 422 деца го загубиле животот од почетокот на руската војна против Украина на 24 февруари.
„Според официјалните информации од обвинителите, 422 деца се убиени, а над 808 се здобиле со повреди со различна тежина“, се додава од Обвинителството.
Во понеделникот, Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации соопшти дека во војната досега животот го загубиле 6.221 лице, додека 9.371 се повредени.